Критериуми

Освен општиот впечаток, селекцијата на апликации од страна на Vip и жирито ќе се заснова на следниве критериуми:

• Преку евалуирање на иновативноста, жирито ќе ги земе предвид оригиналноста и пристапот.

• Апликацијата да работи на телефони со Андроид ™ платформа што се во понудата на Vip оператор (Андроид оперативен систем верзија 1.6 или повисока; резолуција од 240x320 или повисока)

• Оригиналност на идејата, иновативност, пристап кон решението, локална применливост и релевантност

• Степенот на искористеност на расположливите Андроид технологиии (екран осетлив на допир, камера, GPS, мобилна мрежа, widgets...)

• Интеракција со социјални мрежи (Facebook, Twitter, YouTube…)

• Искористеност на локациски базирани сервиси и решенија

• Перформанси на апликацијата (брзина, надежност, безбедност ...)

• Апликацијата треба да е едноставна и пријатна за корисникот, а корисничкиот интерфејс треба да е приспособен на мобилните телефони,

• Апликацијата треба да биде на македонски јазик или да биде повеќејазична, при што македонскиот ќе биде застапен меѓу останатите јазици.

Дополнително, намената и употребливоста на македонскиот пазар ќе бидат исто така земени предвид и ќе се сметаат за предност.