Победниците ќе бидат избрани од страна на жири составено од 5 членови. Жирито ќе ги земе предвид апликациите кои се испратени во согласност со наведените одредби и според дефинираните критериуми. Освен тоа, ќе бидат земени предвид и општиот впечаток, изгледот, чувството и нивото на корисност. Апликациите кои учествуваат во натпреварот нема да бидат наградувани преку категории.
Само апликациите кои се пријавени за време на процесот на регистрација од (од 18.05.2010 до 31.06.2010), испратени до Vip до наведениот краен рок (01.08.2010) и објавени на Android Market од Google, ќе бидат земени предвид за овој натпревар.
Жирито е составено од:
• Никола Љушев – главен извршен директор на Vip оператор
• Дамјан Арсовски – ко-основач и уредник на IT.com.mk
• Димитар Трајанов – професор на ФЕИТ
• Јулијана Прчковска – Главен и одговорен уредник на Click магазин
• Игор Лештар – Главен Извршен Директор на Seavus Group
При изборот на апликации за награда, жирото ќе се води според горенаведените критериуми. Жирито го задржува правото на дискреција при евалуацијата во времетраење на изборот. Одлуките на жирито се конечни.