Пријавување

Потребно е програмерите, како потенцијални кандидати за наградите, да имаат јасна претстава за регистрирањето на апликацијата. Овие страници ги содржат сите потребни информации за процесот на регистрација.

• Првиот чекор е регистрацијата на веб-страницата на Vip. За време на регистрацијата, потребно е учесникот да ги испрати следниве информации:
- Име и презиме на програмерот/програмерите и контакт информации. Се подразбира дека контактот кој е наведен како прв, ќе биде примарен во комуникацијата со Vip и ќе биде земен предвид при наградувањето.
- Наслов на апликацијата/апликациите и нејзин/нивен краток опис (325 карактери)
- Не повеќе од 8 слајдови со презентацијата на апликацијата.
- 2-4 слики од екранот (скриншотови) од апликацијата. Во фазата на регистрирање, можете да изберете дали ќе пратите скриншотови или не, додека кога ќе ја испраќате апликацијата, задолжително е да испратите најмалку два скриншота.
- Презентациите за апликациите треба да бидат во формат PDF.

• На последниот ден од периодот за регистрација (31.06.2010) сите информации кои се потребни во процесот на регистрација, мора да бидат внесени, освен сликите од екранот (скриншотовите) од самата апликација.

• Тука може да ја симнете опремата за развивање на софтвер (SDK): http://developer.android.com/sdk/index.html

• Потребните системски предуслови за развојна средина може да се најдат на: http://developer.android.com/sdk/requirements.html

• Апликацијата треба да се испрати најдоцна до 01.08.2010 на следните две адреси:
- Vip, преку формулар на оваа веб страница (и по аплицирањето како регистриран корисник со истото корисничко име како и при регистрацијата), како APK фајл, архивиран во формат ZIP. Дополнително мора да се испратат минимум 2 и максимум 4 слики од екранот (скриншотови) од апликацијата при нејзиното работење.
- Откога апликацијата ќе се испрати до Vip, таа потоа мора да се испрати и до Android Market. За оваа постапка потребно е да направите кориснички профил на Android Market. Само апликации кои прво биле пратени до Vip, а потоа до Android Market ќе бидат земени предвид за наградувањето.

• Регистрирањето на Android Market е еднократно и овозможува пријавување на бесконечен број на апликации (и надвор од овој натпревар). Постапката за регистрирање е прикажана во screenshot-овите подолу тука. Освен валидна е-адреса од Gmail или е-адреса од Google Apps, за постапката е потребно и плаќање во висина до 25 американски долари кон Google преку кредитна картичка или онлајн банкарство.