За сите учесници на „Вип Андроид ™ предизвик" важат следниве правила:
1. Учество на „Вип Андроид™ предизвик" натпреварот можат да земат исклучиво жители на Р. Македонија.
2. Вработените во Vip оператор и членовите на нивните семејства немаат право да учествуваат во натпреварот.
3. Во натпреварот можат да учествуваат сите лица постари од 18 години. Малолетните лица треба да испратат e-mail на адреса
android@vipoperator.mk со прилог скенирана копија на писмена согласност од родител/старател дека се запознаени со правилата на учество и дека се согласуваат со нив, односно дека се согласуваат малолетникот да учествува во натпреварот, заверена на нотар.
4. Натпреварот е отворен за физички и правни лица и сите останати кои се заинтересирани за учество. Сите пријавени учесници ќе бидат третирани еднакво.
5. “Вип Андроид™ предизвик” е натпревар за изработување на апликации за Android™ мобилна платформа во кој учесниците треба да изработат Android™ апликација или апликации кои ќе бидат предмет на оценување, а најдобрите 2 (две) апликации кои ќе бидат одбрани од жирито ќе бидат наградени од страна на Vip оператор.
Учесниците кои ќе ги прекршат условите на натпреварот, ќе бидат дисквалификувани. Исто така, сите учесници на "Вип Андроид ™ предизвик"треба да ги почитуват и "Android™ Market Content Policy for Developers" правилата (вклучувајќи ги и правилата Android™ Market Developer Distribution Agreement и др.) кои можат да се најдат на:
http://www.android.com 6. Апликациите кои ќе бидат пријавени на натпреварот мораат да бидат нови и претходно необјавени Android Market™.
7. Секој учесник на натпреварот може да пријави неограничен број апликации.
8. Апликацијата мора да биде на македонски јазик или повеќејазична, каде што македонскиот јазик е еден од понудените јазици.
9. При оценувањето на апликациите, покрај општиот впечаток, во предвид ке бидат земени и следниве критериуми како предност:
• Апликацијата да работи на телефони со Андроид ™ платформа што се во понудата на Vip оператор (Андроид™ оперативен систем верзија 1.6 или повисока; резолуција од 240x320 или повисока)
• Оригиналност на идејата, иновативност, пристап кон решението, локална применливост и релевантност
• Степенот на искористеност на расположливите Андроид технологиии (екран чувствителен на допир, камера, GPS, мобилна мрежа, widgets...)
• Интеракција со социјални мрежи (Facebook®, Twitter®, YouTube™…)
• Искористеност на локациско базирани сервиси и решенија
• Перформанси на апликацијата (брзина, надежност, безбедност ...)
10. Победниците на овој натпревар ќе бидат избрани од страна на жирито. Жирито го задржува правото на дискрециона оцена при изборот на победничката апликација. Одлуките на жирито се конечни. Жирито е составено од 5 члена и тоа:
• Никола Љушев – главен извршен директор на Вип оператор
• Дамјан Арсовски – ко-основач и уредник на IT.com.mk
• Димитар Трајанов – професор на ФЕИТ
• Јулијана Прчковска – Главен и одговорен уредник на Click магазин
• Игор Лештар – Главен Извршен Директор на Seavus Group
11. Пријавување за натпреварот и испраќањето на апликациите ќе биде можно од 18.05.2010 година до 01.08.2010 година до 23:59 часот.
12. Апликациите треба да се испраќаат на следниов начин:
• Апликациите најпрвин се испраќааt до Vip operator преку следнава форма
http://android.vip.mk користејќи корисничко име и лозинка добиени при процесот на регистрација. Форматот во кој се испраќаат апликациите треба да биде APK датотека, архивирана во ZIP формат. Дополнително потребно е да се испратат најмалку 2, а најмногу 4 снимки на екранот кои ја прикажуваат апликацијата.
• Откако апликацијата ќе биде испратена на Vip оператор, потребно е да биде објавена и на Android Market™, со корисничка сметка регистрирана на тој сервис.
• На натпреварот може да учествуваат само апликации кои се прво испратени на Vip оператор а потоа се објавени на Android Market. Апликацијата мора да биде бесплатна – без надоместок – за “download” на Android Market™.
13. Прогласувањето на победникот ќе биде одржано на 20.09.2010 година во просториите на Vip оператор.
14. За најдобрите апликации Vip оператор ќе ги додели следниве награди:
• Една награда за првонаградената апликација – 500.000 денари (Гран При) и мобилен телефон HTC Desire
• Една награда за второнаградената апликација – 150.000 денари (сребрена награда) и мобилен телефон HTC Legend
• HTC Tattoo мобилни телефони за сите пријавени и одобрени апликации од Android Market™
15.Една апликација може да биде наградена само со 1 (една) награда без оглед на бројот на членовите на тимот кој учествувал во изработката на апликацијата.
16. Победниците ќе бидат контактирани преку e-mail.
17. Vip оператор го задржува правото за дисквалификација на учесниците во натпреварот доколку:
• Пријавената апликација / пријави не се во согласност со законите и правните прописи на Република Македонија
• Регистрирана пријава / апликација која по слободна оценка на Vip operator на било кој начин ги оневозможува или спречува правилата на рамноправно натпреварување или на било кој начин ги крши авторските и други права на интелектуална сопственост.
• Пријави / апликации за кои Vip оператор ќе оцени дека се несоодветни.
18. Сите учесници во натпреварот потврдуваат и гарантираат дека се сопственици на сите авторски права и правата на интелектуална сопственост кои се пријавени на натпреварот. Сите учесници на натпреварот потврдуваат и гарантираат дека пријавените апликации не ги повредуваат било кои права на трети страни, посебно правата на интелектуална сопственост. Сите учесници потврдуваат и гарантираат дека ниту една трета страна нема да има побарувања кон Vip оператор од било каква природа во врска со пријавената апликација на натпреварот.
Во случај трето лице да поднесе барања до Vip оператор од било каква природа, а посебно барања кои се темелат на интелектуална сопственост, во врска со апликацијата која е пријавена од страна на учесникот во натпреварот, учесникот се согласува и прифаќа да ги сноси сите последици произлезени од таквите барања. Ако Vip оператор врз основа на овие барања од трети лица претрпи било каква штета, учесникот се согласува дека ќе ја надомести целокупната штета кон Vip оператор настаната по овој основ.
19. Сите учесници во напреварот ги задржуваат авторските права на апликацијата или апликациите испратени до Vip оператор во текот на натпреварот.
20. Сите учесници во натпреварот се согласуваат апликацијата или апликациите испратени за време на натпреварот, без оглед дали се наградени или не, Vip оператор има право да ги преинсталира на мобилни телефони во понудата на Vip oператор, односно да ги понуди за “download” без каков било надомест на учесникот за преинсталирање и користење на апликацијата (или повеќе апликации) на мобилните телефони кои ги нуди Vip operator. Користењето на споменатите апликации односно овозможувањето на “download” како и преинсталирањето на апликациите на телефоните во понудата на Vip оператор, вклучува но не се ограничува на умножување на апликациите, ставање во промет на примери на апликациите, давање на примерок на апликациите под закуп или на заем, интерактивна достапност на апликациите на пошироката јавност, прилагодување, измена и уредување на апликациите, јавно објавување на апликациите на носач на звук или слика како и други имотно-авторски односи, како и права на интелектуална сопственост во смисла на постоечките и идните правни прописи на Република Македонија, односно други начини на искористување, без предметно, просторно или временско ограничување и без плаќање на било каков надомест од страна на Vip оператор кон учесниците во натпреварот, за времетраење на користење на апликациите од страна на Vip оператор за било која намена.
21. Сите учесници имаат право пријавените апликации кои се проследени до Vip оператор и Android Market™ да ги понатаму развиваат, дополнуваат и во наредни верзии да ги направат комерцијални, односно независно да ги искористуваат економски и да располагаат со нив. Во случај доколку учесникот креира нова верзија на пријавената апликација или апликации, нема да има право да бара од Vip оператор било каков надомест по основ на користење на првата верзија на апликацијата која е пријавена на натпреварот.
22. Сите учесници ја преземаат целосната одговорност за содржината и формата на апликацијата (или апликациите) кои се доставени до Vip оператор за времетраењето на натпреварот и тие остануваат исклучива одговорност на учесниците. Vip оператор не презема никаква одговорност ниту дава било какви гаранции за апликациите кои се испратени од страна на учесниците.
23. Со учеството во натпреварот и испраќањето на апликацијата (или апликациите) до Vip оператор, учесниците се согласни дека верзијата на апликацијата која е испратена до Vip оператор и Android Market™ со цел учество во натпреварот не може понатаму да ја искористуваат (продаваат, дадат под закуп, отстапат на трето лице со надомест или без надомест за истата или на било кој друг начин економски да ја искорисуваат).
24. Со учеството во натпреварот и испраќањето на апликацијата (или апликациите) до Vip оператор и Android Market со цел учество во натпреварот, согласно одредбите на овој документ, учесниците се согласни да дадат писмена изјава за користење на апликацијата или апликациите од страна на Vip оператор.
25. Vip оператор го задржува правото да ги измени условите и одредбите на овој документ за времетраење на натпреварот.